Teшка сообраќајна несреќа се случи вчера утрово околу 09:30 часот, на раскрсницата помеѓу булеварот “Гоце Делчев” и улица “Јоле Андоноски” во Прилеп.
Како што известивме претходно, од засега непознати причини, жена била удрена од комбе при што се здобила со тешки телени повреди.
Со возило на брза помош, жената била пренесена во опшатата болница “Борка Талески” во Прилеп, каде од сериозноста на повредите подоцна починала.
Маркукуле дознава дека се работи за 71-годишната С.П. од Прилеп.
Неодамна во непосредна близина на улицата “Биди маж” се случи уште една сообраќајна несреќа, а тогаш животот го загуби 67-годишниот М.Ш.