Потпишан меморандум за соработка и разбирање помеѓу Прилеп, Рокдејл и Ливерпул

12191805_950206975053947_221965461445404090_n

Синоќа во големиот аудиториум на „Hurstville Entertainment Centre“ во Сиднеј беа претставени поволностите за инвестирање кои ги нуди Владата на Република Македонија и градот Прилеп.
Под мотото „Invest in Macedonia“, амбасадорот Трпевски ги претстави гостите од Република Македонија и го отвори форумот. Македонската делегација предводена од Градоначалникот Марјан Ристески, Сашо Самарџиоски -директор на прилепска пивара, Љупчо Велески директор за извоз на Витаминка, Валентин Ристески директор за извоз на Витаминка за Австралија.

12196067_950207135053931_2750316170666822775_n

12190059_950377471703564_2061721938219161662_n

На форумот градоначалникот Ристески ги претстави проектите на градот Прилеп, досегашните инвестиции во истиот, а потоа ги претстави и новите инвестициски зони: „Прилеп 1“ и „Прилеп 2“, како и новата урбана населба „Градина“. Од страна на инвестициони можности градоначалникот ги посочи инвестициите во приватното здравство, детски градинки и други гранки во индустријата.

11666272_950207228387255_5249363230920370326_n

12190949_950207371720574_1793893894374393630_n

Овој бизнис форум го обележа крајот на успешниот престој на бизнис делегацијата од Прилеп во Сиднеј, во кој период беа остварени огромен број Б2Б средби и иницирани голем број на конкретни економски проекти. Дополнително беше потпишан меморандум за соработка и разбирање помеѓу Прилеп, Рокдејл и Ливерпул.

12196226_950207491720562_5018413086411262561_n

12196248_950207298387248_4671545723339181808_n

12208593_950207065053938_7883329973713443089_n

IMG_1973

IMG_1976




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.