После 2 недели од Водици пронајден крстот во Пробиштип (Фото)

Верниците оваа година во Пробиштип, Водици ќе ги паметат по изгбениот крст во базенот на Аква паркот.

Откако попот го фрлил крстот, над 40 минути момчињата пријавени за пливање не го нашле, и покрај нивната упорност во барањето.

По долгата потрага попот бил приморан да фрли друг крст по кој скокнале двајца.

Најсреќен во втората потрага беше Драган.

Денеска пак од Аква паркот Пробиштип на Фејсбук објавија дека конечно е пронајден и првиот крст.

“Eве го, кој вика дека го нема”, напишаа од Аква паркот на нивната Фејсбук фан страна.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.