Челси Хил од Америка пред 8 години, после една прослава заедно со своето друштво, се возеле во алкохолизирана состојба, а за тоа платила висока цена.
Возењето завршило со страшна сообраќајна несреќа поради што таа завршила во инвалидска количка.
Танцот бил нејзина голема љубов, па иако на почетокот била убедено дека животот за неа повеќе нема никаква смисла и дека никогаш повеќе нема да заигра, решила сепак да не се откажува. Со помош на неколку пријателки и поддршката од семејството, Челси продолжила да игра и во инвалидска количка.
“Taнцот е танц, без разлика дали се во количка или се служиш со своите нозе. На двата начини можеш да ги покажеш своите емоции, а тоа е она што е најважно”, вели таа.
И покрај ужасната повреда и инвалидитет, Челси не се откажала од своите соништа и многу успешно се занимава со танцот, а соработува и со познати кореографи.
Во една прилика гостивала и во најпознатата шоуто на познатата водителка Елен Деџенерес. Челси размислува за многу музички проекти и во тоа нејзиниот недостаток нема да ја спречи.