На Фејсбук профилот од Универзитетската клиника за детски болести денеска осамна една прекрасна вест.
“Во ова време кога сите стравуваме за своето и здравјето на децата, на нашите најблиски, не е се така неизвесно и лошо. Денес се радуваме на една прекрасна херојка, има супер вест! Нашата пациентка Румеса, здрава ја праќаме дома! Таа ја победи леукемијата и срамежливо заѕвони на нашето ѕвонче! Драга наша Румеса, нема веќе боцкања и страв, само напред! *фотографиите се објавени со одобрение на родител”, напишаа од клиниката.