Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец. Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, а сеуште локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни. Минималните температури ќе се движат од шест до 13 степени, а максималните од 20 до 29 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно време со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови. Во вторник и в среда појавата на пороен дожд и грмежи ќе биде поретка и со послаб интензитет.
До крајот на неделата времето ќе биде променливо облачно, со пороен дожд и грмежи. Утринските температури ќе бидат во интервал од шест до 15 степени, а дневната од 18 до 28 степени.