Станува збор за платното со лик на човек кој страда, а за кое се верува дека го покажува ликот на Исус.
Црквата и верниците сметаат дека токму во ова платно било завиткано телото на Исус и положено во гробот, а науката сè уште спори околу автентичноста на Покровот.
Ликот кој се крие на платното е тешко воочлив на самото платно, додека негативите од фотографиите на платното јасно покажуваат лик на човек, кој многу наликува на Исус.
Покровот се чува во Катедралата Св. Јован Крстител во Торино, а прв пат беше покажан на телевизија во ноември, 1973 година, на барање на тогашниот папа, Павле VI.