Ги информираме сите спортски работници, спортски клубови и љубители на спортот на град Прилеп, да присуствуваат вторник 07.02.2023 г со почеток од 18 часот во големата сала на општина Прилеп и да дадат поддршка на петицијата за отварање на Универзалната сала за спортистите на град Прилеп – стои во соопштението кое денеска го објавија повеќе спортски работници од Прилеп.
-Да се побара Агенцијата за млади и спорт на РМ да биде медијатор за изнаоѓање на решение помеѓу ЈП. За стопанисување на станбен простор во сопственост на владата на РМ и локалната самоуправа на град Прилеп, за отварање на овај спортски храм во интерес на спортистите на град Прилеп – стои во соопштението.