Победнички викенд за екипите на Младост 96

Викендот што измина беше последен од есенската полусезона во пинг-понг, за Суперлигашите и во машка и во женска конкуренција.

Актуелниот шампион Младост96 есенската полусезона ја заврши на второто место со еден пораз од Крива Паланка 2007, додека женската екипа на Младост96 со сите победи без пораз е на првото место на табелата, но има еден заостанат натпревар со екипата на Кр.Паланка, и со таа победа би биле есенски шампиони.

На последниот турнус се одиграа 8 и 9 коло, каде Младост96 одигра натпревари со Рисови, извојува победа со 4-0, и го одигра заостанатиот натпревар со Телеком Нец, каде победија со 4-2.

Во натпреварот со Рисови екипата рутински триумфираше во состав: Костадиновиќ, Рикалоски, Стомнароски и Костовски. Сите постигнаа по една победа.

Во вториот дуел се очекуваше сигурна победа, но на овој натпревар Костадиновиќ претрпи пораз од српскиот играч во Телеком Нец, Милош Миленковиќ, и тоа убедливо со 3-0.

Составот со кој настапи Младост96 беше: Костадиновиќ (кој извојува една победа и пораз), Костовски (извојува две победи), и Александар Рикалоски (кој го доби решавачкиот натпревар со Михајловски со 3-1, а претходно загуби од Миленковиќ).

Женската екипа овој викенд одигра натпревар со Берово и извојува убедлива победа со 4-0. За клубот настапија: Гвозденовиќ, Михаилов и Богоеска.

Интересно е тоа што овој натпревар се одигра во Нови Сад, каде Македонската репрезентација и неколку други клубови учествуваа на силен турнир во Војводина.

На Новогодишниот турнир во Нови Сад играчите на Младост96 освоија три медали. Катарина Гвозденовиќ беше прва во јуниорска конкуренција и втора во екипното натпреварување со клубот Домбош, додека Катарина Михаилов беше трета во екипна конкуренција, заедно со Ана Стојановска настапуваќи за Македонската репрезентација.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.