Фудбалерите на Победа забележаа значаен триумф од 1:2 против Гостивар, во првиот дуел од осминафиналето на Купот на Македонија.
Стрелци на головите за Победа беа Kaланоски за 0:1 во 52-та минута и Макота за 1:2 во 85-та.
Гостивар изедначи во 65-та минута, но црвено-белите се покажаа како посилен противник и успеаа да дојдат до триумф кој ќе значи голема предност пред реваншот во Битола.