Прилепска Победа повторно поразена, овој пат на гостувањето кај Беласица. За домаќините стрелаа Балдовалиев во 26-та минута и Ивановски во 50-та, додека единствениот гол за Победа го постигна Кириан пред завршницата на натпреварот.
Сонот за “Европска Победа” полека згаснува. Пред почетокот на сезоната се најавуваше сензација, но ситуацијата на табелата е сосема поинаква. Победа повторно е во “црвената зона”.
Следниот противник е Шкупи на 28 октомври. Прилепчани немаат право на грешка, особено по трите последователни порази.