Попладневно на стадионот во Градско, фудбалерите на Победа забележаа нов висок триумф над Локомотива со 1:4.
После високите 6:0 минатиот викенд во Прилеп против Осогово, црвено-белите беа убедливи и во Градско, каде четири пати прецизно ја погодуваа мрежата на Локомотива.
Стрелци на головите за Победа беа: Спиркоски (11м.), Петкоски (45м.), Најдов (86м.) и Ангелески од пенал (90м.)
Со четири триумфи, еден нерешен резултат и еден пораз, Победа сега се наоѓа на второто место од табелата во Втората лига – Исток.
Во наредното коло (16.10) победашите го пречекуваат Братсво на стаднионот “Гоце Делчев” во Прилеп.