Албанскиот премиер Еди Рама свика владина седница за преземање нови мерки за спречување на коронавирусот.
Во Албанија досега се потврдени 10 случаи на коронавирус, а спроведени се и 114 тестови врз други сомнителни лица. Во меѓувреме, Рама рече дека на сите медицински сестри и доктори кои служат пациенти со коронавирус ќе бидат наградени со плус 1.000 евра плата.
-Ние ќе им платиме лекарите и медицинските сестри по 1000 евра, а на возачите по 500 евра. Постојат одлични и големи луѓе во медицината. Умот и искуството се највредното богатство. Ги повикувам и тие доктори или медицински лица кои се во пензија да помогнат со вирусот. И тие ќе добиваат по 1000 евра месечно. Не го повторувам за какво било зголемување. Овој вирус е наш непријател и ние ќе направиме се што е потребно за да се спротиставиме на овој непријател. И ние ќе го убиеме овој непријател„ рече Рама на владината седница.