Плетвар утре под 6 часовна “опсада”

Откако денеска 2 часа го блокираа патот Прилеп-Градско кај месноста Заполшки мост, тутунарите за утре најавуваат нов голем протест.

За утре најавена е шестчасовна блокада на планинскиот превој Плетвар, од 10 до 16 часот, каде одново се очекува големо присуство на производителите на тутун од Прилеп и регионот.

Тутунарите најавуваат дека нема да прекинат со протестите, се додека не го добијат она што го заслужуваат – реална проценка на нивниот труд и мака.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.