Петмина гостиварци го олеснија “Моцарт” за 9 милиони денари

Петте другари од Гостивар – Давор Ѓуровски, Александар Јаневски, Дарко Дамјановски, Дејан Дамјановски и Марио Тримчевски се играчите на Mozzart кои ја остварија една од најголемите добивки забележани било кога. Тие на два тикети остварија добивка од речиси 9.000.000 денари.

Едното ливче носи добивка од 5.000.000 денари, а другото 3.663.350 денари. За рекордната добивка многу придонесе и Mozzart бонусот кој во овој случај изнесува 100% односно првичната добивка на овие тикети ја зголеми за двојно.

Добитната комбинација е дело на Давор, а неговите другари решиле да учествуваат во уплатата, која сите ги направи милионери.

„Јас лично го составив тикетот на кој имаше 16 играчи од НБА лигата од кои на 12 типував дека ќе постигнат повеќе поени од маргината, а на 4 дека ќе постигнат помалку. Како поранешен кошаркар кошарката ми е омилен спорт, ги следам тие натпреварите и тоа најчесто играм. Пред да го уплатам тикетот седнав со Александар, Дарко и Дејан на кафе и се договоривме тие да додадат уште некоја сума за да ја засилиме вкупната добивка. Пред да влеземе во обложувалницата, ме сретна и Марио кој одлучи нашето ливчето да го одигра сам. Па така сите погодивме“, раскажува Давор.

За крај ни се заблагодари на брзата реакција и исплатата на парите која помина без проблем – пишуваат од обложувалницата “Моцарт”.

„Немаше никаков проблем околу исплатата. Луѓето од Моцарт беа фер и коректни и ни ги исплатија парите во најбрз можен рок“, додаде Давор кој ја поздравува екипата на Моцарт и сите наши играчи.

Браво мајстори!





Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.