“Пуштен во употреба новиот експресен воз од Прилеп до Бугарија”.
Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ на пародичен начин ја претстави моменталната ситуација во Македонија:
“Денеска тука сечиме лента и го пуштаме во употреба новиот експресен воз кој ќе јуриша кон европска Бугарија од Прилеп.
Кога веќе Германците се откажаа од изградбата на пругата од Куманово до Бељаковце, а овој Максим од Куманово ни заврте грб, решивме да правиме нова пруга од Прилеп до Черното море.
И што се разбираат Германците од држава која цвета во секое поле и оди по прав пат?
Тие нам така, но ние не се откажуваме од братските хора Бугари, па од Прилеп до Бугарија ќе се оди секој ден како до Солун.
За разлика од ВМРО кои купија воз што оди само до паркот на Могила, овој нашиов ќе води директно до море и плажа.
Возот еве го тука, а пругата ќе биде, како се’ што бидна во овие 3 години.
Градиме европска Северна Македонија, како што изградивме 700 километри патишта, така ќе изградиме и 1.000 километри железнички пруги”