Основното јавно обвинителство Прилеп денеска до Основниот суд Прилеп поднесе предлози за издавање kaзнени налози против 24 лица за kpивично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Kpивичниот законик.
Обвинителството поведе постапка и против едно лице од Крушево, па до Основниот суд Крушево поднесе предлог за издавање kaзнен налог заради непостапување според донесената забрана за движење на населението на територијата на државата во определени временски периоди.
Обвинетите го прекршиле полицискиот час во Прилеп и во Крушево, па обвинителството за секого од нив предложи парична kaзна од 100 дневни глоби со вредност на една дневна глоба од 20 евра во денарска противвредност.