Памела Риф е блогерка, фитнес модел и инструкторка на “Инстаграм ѕвездите”.
Памела од секогаш бил спортски тип, а пред да стане позната, пишувала блог за своите дневни активности. Откако отворила Инстаграм профил, нејзината популарност нагло пораснала, заедно со бројот на следбеници. Сега ги има повеќе од 2 милиони, а благодареќи на тоа, често добива понуди да стане заштитно лице на спортски брендови.