Преку 30 милиони евра пари од „црните“ фондови на Албанската дијаспора која во 2001-ва година за време на конфликтот служеше како банка за албанските екстремисити и терористи, биле „истурени“ во Македонија претежно во албанските средини во Скопје, Куманово, Тетово и Гостивар, а биле делени преку локалните крминални моќници и верски лидери
Разликата која СДСМ ја направи во однос на поддршката која ја имаше на последните парламентарни избори кои ги загуби со речиси 200.000 гласови, овој пат не беше надополнета од Македонското гласачко тело, напротив, преку 70.000 речиси 100.000 гласа СДСМ има добиено од албанското население, кое пак има добиено цврсти ветувања од страна на странскиот фактор дека Заев ќе ги спроведе федерализацијата и двојазичноста. Ова ден по изборите го потврди и Мухамед Зекири.
Дека СДСМ се претвори во албанска партија зборуваат и бројките од прибраните податоци за начинот на гласање на албанскиот електорат.
Имено, во истите средини со чисто албанско население, СДСМ на овие избори ги има зголемено гласовите за речиси 10 пати повеќе во однос на претходните избори. Која е причината за тоа, ако не се пари и уверувањата на Заев и странскиот фактор за федералзиација и двојазичност?
Благодарение на црните пари од албанската дијаспора која во 2001-ва застана позади УЧК, а оваа година позади СДСМ како и поддршката од верските лидери во чисто албанските средини, СДСМ се претвори во најмоќната албанска партија во Македонија.
Социјалдемократите победија само во првата изборна единица, а во сите други триумфирала коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Владејачката партија, практично, во сите изборни единици помалку или повеќе освоила ист број гласови како и на изборите пред две години. Гласовите што на своето конто ги ставил СДСМ очигледно произлегуваат како од оние што им ги дале Албанците од скопското подрачје така и од оние што им ги дале граѓаните што сега излегле на гласање во поголем број отколку на гласањето во 2014 година, плус гласовите на македонските Албанци кои завршиле на сметката на СДСМ.Според податоците, во ИЕ 1 за опозициската коалиција во неделата гласале 92.190 граѓани, а за ВМРО-ДПМНЕ 72.833. За споредба, пред две години опозицијата освои само 58.091 глас или 34.099 гласа помалку. Владејачката партија, пак, тогаш освоила 73.554 гласа, што е за околу илјада повеќе отколку завчера.
Си оглед на силната поддршка од Албанците за СДСМ кои во неделата доаѓаа организирано со автобуси и автомобили и од Косово, не е тешко да се заклучи дека наскоро Заев ќе треба да им испорача резултат од опасниот договор, за да ги задоволи нивните очекувања.
На само неколку дена пред изборите, Заев доби и отворена поддршка од директорот на радикалната косовска телевизија „Клан“ кој изјави дека Али Ахмети се претворил во овчар, Мендух Тачи бил страшливец, а Зоран Заев бил човекот кој ќе ги спаси албанците преку отворање на можноста на албанското население да формираат слободни територии кои потоа ќе можат да воспостават сопствени врски со другите држави од окружувањето.
Со таква идеја претходно се јавуваа и редица други „команданти“ на УЧК, но такви биле и барањата на терористите од Косово кои беа уапсени при нападот во Диво Насеље.
Извор: Инфомакс