Општина Аеродром ќе почне со иcплата: 8.000 за новopoденче, 3.500 за пpваче, до 3.000 за кyпен велocипед

Општина Аеродром ги информира граѓаните што аплицираа за субвенции за велосипеди, како и за парична помош за првачиња и новороденчиња дека средствата ќе им бидат исплатени веднаш по конечното завршување на локалните избори.

Граѓаните чии барања се прифатени на последниот јавен повик за субвенции за велосипеди ќе добијат поврат на средствата во износ од 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3 000 денари, со вклучен персонален данок на доход.

Исто така, по конечното завршување на локалните избори, ќе им бидат исплатени по 8.000 денари на оние родители што поднеле барање за новороденчиња, како и по 3.500 денари за првачиња, информираат од општината.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.