На 04.02.2024 во 13.00 часот на место викано „Вештачко eзеро“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Н.А.(40) од Прилеп.
Тој бил затекнат при бесправна сеча на дрва и кај него биле пронајдени запрежна кола натоварена со огревно дрво и моторна пила.
Притоа, тој ги попречувал полициските службеници при вршење на службените дејствија.
Пронајденото било одземено и предадено на Шумска полиција, а Н.А. бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава – информираат од СВР Битола.