Во срцето на Прилеп, отворен е новиот ланч бар на старите слаткарски мајстори. “Аlfa 1 urban food & sweet house” е новото слатко руво на градот под “Maрковите Kули” и вистинска свежина во центарот на градот.
Блескаво место полно со магија и причина за милион слатки задоволства, вистински рај на вкусови и мирис на традиција преточена во нешто ново, модерно, примамливо.
Локација каква би посакал секој посетител, турист, но и секој прилепчанец, веднаш до грандиозниот споменик на Крал Марко во срцето на плоштадот “Методија Андонов – Ченто”.
Oна што со долги години го градеа вредните раце на најпознатите прилепски слаткари, денес е сечие задоволство достапно до сите оние кои знаат што е убаво и вкусно.
Оваа среда беше среќна за сите, градот доби нова модерна летна бавча со разиграни бои, внимателно одбрани украси и прекрасен амбиент, а сето тоа е само предвесник на она што следува внатре.
[Best_Wordpress_Gallery id=”485″ gal_title=”Alfa1″]
Од првиот чекор ќе ја почувстувате уникатноста, ќе забележите една широка лепеза на бои, повторно добро одбрани и неверојатно добро вклопени. Едноставно сопствениците целосно се препуштиле уредувајќи го ова место, користејќи ја целата своја имагинација и идеи, притоа создавајќи вистинско ремек дело, кое ќе одземи сечиј здив.
Слаткиот звук на виолините на отварањето на “Аlfa 1 urban food & sweet house”, вгради дополнителна магија, која ги освои срцата на присутните, но и брзо го прошири гласот за автентичноста на ова место.
За тоа што можете да го вкусите тука не треба многу да се зборува, треба да се почувствува. Секој залак е афродизијак, налик на храна за богови. Добро познатите торти и шеќерни волшевства, чиј вкус е граден со години, повторно се достапни за сечиј џеб. Во “Alfa 1 urban food & sweet house” ќе имате можност да вкусите и пици, сендвичи и други закуски, кои се вистински мевлем и пријатно изненадување.
Раскошот на ова место веќе е омилен за сите.
Повелете и препуштете се на оваа неверојатна лепеза на вкусови!