Одбележан патрониот празник на СОУ „Орде Чопела“ од Прилеп

Со пригодна свеченост подготвена од учениците на СОУ „Орде Чопела“ од Прилеп и со положување на свежо цвеќе пред бистата на Народниот херој, денеска беше одбележан патрниот празник на ова училиште. На свеченоста, на која се одбележаа 75 години од смртта на Чопела, беше истакнато дека тој дал голем придонес за формирањето на слободна Македонија. На манифестацијата учествуваше и градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески.

_MG_7668

„Чест и гордост е да се биде наставник во ова училиште кое го носи името на еден херој кој гоп дал својот живот за слободата во која ние денес живееме и ќе живеат идните генерации. Чест и задоволство ми е за присуството на сите гости со кои заедно го прославивме овој убав ден“, Елизабета Трајкоска, директор на СОУ „Орде Чопела“ – Прилеп.

_MG_7639

Градоначалникот Ристески, потенцираше дека сите ние треба да продолжиме да го чуваме аманетот на Орде Чопела и идеалот за кој што тој загинал, а тоа е слободна и независна Македонија.

„Овој Народен херој го дал најсветото нешто за оваа земја Македонија, а тоа е неговиот живот. Орде Чопела загинал и оставил една порака на сегашните и идни генерации да ја чуваме оваа Македонија за која тој и илјадници други борци го дале својот живот и исто така да напоменам дека нашето дело продолжува и понатаму, не само за зачувување на Македонија, туку и на градење на Македонија и инвестирање во образованието. Досега инвестиравме многу во ова училиште и тоа од едно од најруинираните училиште во Прилеп сега прерасна во едно од најубавите. Тука нема да застанеме, ќе продолжиме и понатаму со инвестирањ, како средување на дворното место и паркинг просторот пред училиштето и секако изградба на нова термоизалациона фасада“, истакна Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

_MG_7642

На свеченоста присуствуваа и од Здружението на борци на Општина Прилеп кои порачаа дека дека без почит и благодарност кон минатoто нема сегашност, ниту пак иднина.

„Орче Чопела бил храбар патриот кој дал голем придонес за развој на НОБ за слобода на Македонија и формирање на слободна Македонија. Ова училиште треба да биде гордо што го носи името на овој Народен херој кој своите патриотски чувства ги докажа во НОБ. На училиштето му посакуваме напредок, а на учениците добри резултати во нивното учење и прилагодување на нивните работни обврски во нашето општество. Сакам да порачам дека без почит и благодарност кон минатите храбри борци нема сегашност, ниту пак иднина“, рече Круме Соколоски, претседател на Здружението на борци од Прилеп.

_MG_7649

Освен пред бистата на Орде Чопела која се наоѓа во училишниот двор, свежо цвеќе денеска беше положено и пред бистите на народниот херои на Паркот на Револуцијата како и пред бистата на Орче Чопела која се наоѓа истоимениот парк во населбата Варош. Од локалната самоуправа истакнаа дека наскоро треба да започне комплетна реконструкција и обнова на оваа парковска површина.

_MG_7543

_MG_7572

_MG_7589

_MG_7695




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.