Огромното срце на големиот Мохамед Салах

Мохамед Салах продолжува да воодушевува со феноменалните партии на теренот, но она што го прави голем не е секогаш во копачките.

Кон средината на минатиот месец се обзнани дека преку својата фондација почнал со изградба на болници и училишта во родниот регион Нагриг, кој се наоѓа на 80 километри северно од Каиро.

Таа инвестиција е вредна над 2 милиони евра, но тоа беше само почеток.

Неверојатниот Египќанец продолжува да ја исполнува мисијата која си ја зацртал уште одамна, па сега донира девет ари земја и околу 400 илјади евра за изградба на базни станици за преработка на вода за пиење и канализациски систем.

-Не можам да ви објаснам колку ова нам ни значи, најискрено. Поради се она што го направи за нас, но и за цел Египет. Без текст сум. Видете и сами дека не можам да ги задржам емоциите и додека само зборувам за тоа, вели еден локален професор, додавајќи дека Салах се враќа во родното село секогаш кога може.

Според него, за нив никогаш не бил странец, ниту некогаш ќе стане тоа.

-Дури еднаш му викав зашто низ селото оди без обезбедување. Го прашав дали е свесен што станал во меѓувреме, а тој ми одговори: „Ова е мојот дом, мое село – овде не ми треба обезбедување.“ Сепак, никогаш нема да го слушнете како зборува за својата хуманитарна организација, просто не сака да зборува за тоа, вели професорот.

Благодарение на Салах, Египет по три децении ќе заигра на Светското првенство во Русија ова лето.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.