Ова се критериумите за маркетите кои сакаат да вршат достава во викенд за време на полицискиот час

Општина Прилеп ги објави критериумите за маркетите кои сакаат да вршат достава во викендот во време на забрана за движење на лица во вонредна ситуација.

КРИТЕРУИМ 1 – Маркетот да располага со голем асортиман на производи вклучувајќи и
овошје и зеленчук ( Прилог 1. – Изјава )

КРИТЕРИУМ 2 – Минимум 10 вработени лица кои ќе бидат ангажирани во сменско работење, вклучени во процесот за достава. ( Прилог 2 – список на лицата со заснован редовен работен однос во фирмата, заверен со печат и потпис )

КРИТЕРИУМ 3 – Најмалку две службени возила за достава ( Прилог 3 – список на возила кои ќе вршат достава на намирниците, заверен со печат и потпис )

КРИТЕРИУМ 4 – Минимум 2 телефони за контакт/ за нарачки (Прилог 4 – листа на броеви кои ќе бидат во функција на потрошувачите, заверена со печат и потпис)

(превземи го документот со клик)

Барање со дополнителни прилози:
Прилог 1. Изјава
Прилог 2. Табела/список на вработени
Прилог 3. Список на регистриани службени возила
Прилог 4. Список на броеви кои ќе бидат во функција на граѓаните

Целокупната документација, заедно со барањето, пополнета со печат и потпис на овластено лице, скенирана да се испрати на следната email адреса: [email protected] најдоцна до четврток 09.04.2020 год. до 12:00ч.

Дозволите ќе може да ги подигнете најдоцна до петок 10.04.2020 год. до 12 часот.
За дополнителни информации: 048/401-701




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.