Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија денеска го објави поширокиот список од 28 репрезентативци на кои ќе смета на стартот од подготовките за Европското првенство во Полска што започнува на 15.јануари.
На овој список се најде и првиот голман на Металург, Даниел Дупјачанец кој игра одлична сезона во тимот од Автокоманда. Во „жолто-црвениот“ табор тој е на местото на Петар Ангелов – Диви, кој нема да биде дел од европскиот ракометен собир. Исто така повратник во репрезентацијата е и Златко Даскалоски, кој е меѓу стативите на тимот на Темишвар и е одличен во романскиот шампионат.
Точниот термин на подготовките дополнително ќе биде објавен. На Европското првенство Македонија е во група со селекциите на Франција, Србија и домаќинот Полска.