Времето претпладне во поголем дел од земјава ќе биде со врнежи од дожд, а на планините од снег. Во попладневните часови врнежите ќе престануваат и ќе ги има само во јужните делови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура значително ќе се намали.
Утринската температура ќе се движи од нула до 6, а дневната од 2 до 10 степени.
Во следните денови времето ќе биде стабилно со пораст на дневната температура и со умерен, а во сабота и засилен северен ветер.