Нормализиран сообраќајот на патот Прилеп-Росоман

Од 23 часот синоќа е нормализиран сообраќајот на патниот правец Прилеп – Росоман, информира утринава Авто мото сојузот на Македонија.

Сообраќајот на патниот правец беше во прекин поради голем шумски пожар над каменоломот Превој – Плетвар, во атарот на селото Тројаци кон селото Топлица. Поради густиот чад и намалената видливост, не се возеше во двата правца, а се создаде долга колона возила.

Гореше нискостеблеста пума и трева. Во гасењето, на пожарникарите им стигна помош и од Кавадарци и од Крушево. На терен беа и екипи од прилепските јавни комунални претпријатија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.