Од 25 до 29.11.2023 год. во Струмица, се одржа XVI Младинска балканска олимпијада по информатика.
На олимпијадата се натпреваруваа 64 натпреварувачи од 13 држави. Меѓу нив, како еден од претставниците на Македонија беше и нашиот ученик Благој Рујаноски Стојановски.
Благој освои бронзен медал. Браво за Благој!
Училишен ментор на Благој му е проф. Анета Стојческа, а подготвувач и водач на македонската екипа на олимпијадата беше д-р Емил Станков од ФИНКИ.
Традицијата на постигнување на високи успеси по информатика продолжува.
Нашите ученици информатичари секогаш се на врвот.