Нов меѓународен проект на СОУ “Ѓорче Петров” – Прилеп

14114091_1255503034493973_1893634485_o

ЕМПЛОВЕТ – Вештини за вработување и работно место за ученици во стручно образование е проект кој е финансиран од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во рамките на клучна акција 2 – Стратешки партнерства во стручно образование.

Во проектот се вклучени партнери од 7 европски земји (Mакедонија, Романија, Англија, Германија, Турција, Белгија, Шпанија), а целта е да креираат вредни и иновативни ресурси за учење, за да се зголеми важноста на стручното образование според потребите на пазарот како и да се поттикне решавање на проблемот на невработеноста на младите.

14138281_1255502944493982_897241104_n

Цели на проектот се:

Да се оспособи голем број ученици во средно образование со вештини за вработување, претприемништво и започнување со работа, во период од 5 години.

Да се развијат иновативни и прилагодени на потребите на пазарот материјали за учење и подучување.

Да се обучат наставниците/обучувачите во стручно образование да ги користат креираните ресурси.

Да се олесни контактот помеѓу расположливата квалификувана работна сила и работодавачите.

Да се поттикне транснационална соработка помеѓу провајдерите на стручно образование и потенцијалните работодавачи.

Да се зголеми прегледноста за стручноста на завршените ученици на пазарот на трудот со тоа што тие ќе имаат стекнато лични вештини.
Да се зголеми пристапот кон информации и квалитетно образование за учениците со намалени можниости или различно социјално потекло.

Во периодот од 21 до 22 јануари 2016 се одржа првата транснационална средба во Брисел, Белгија каде беше претставен проектот “ЕМПЛОВЕТ”, а воедно беа договорени и наредните чекори.

Во периодот од 23-24 јуни 2016 беше одржана втората транснационална средба во Билбао, Шпанија, каде беше презентирана содржината на првата верзија на е-модулите.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.