Ново разбојништво среде бел ден во Прилеп
Како што дознаваме, денеска во 12 часот, на улицата 1-ви Мај, во Финансиското друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје подружница 9, сместено во новата катна гаража во Прилеп, две Н.Н. лица со веспа и закана со пиштол кон вработената, одзеле околу 100.000 денари, а потоа се оддалечиле од местото.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Инаку, во изминатиот период зачестија ваквите случувања во Прилеп. Пред извесно време во само десетина дена ограбувана беше иста бензиска пумпа, а синоќа целосно демолиран беше автомобилот на екс градоначалникот на општина Прилеп, Марјан Ристески.
За една недела по втор пат ограбена иста бензиска пумпа во Прилеп?
Повторно ограбена бензиска пумпа во Прилеп – овојпат на булеварот “Гоце Делчев”
Исто така, прилепчани се сведоци и на тешката кражба на златара во Старата чаршија, каде исто така среде бел ден беше одземена голема количина на злато и пари.
Дали Прилеп станува град на kpиминалот?