Во пресрет на Новогодишните празници жителите од урбаната населба “Гоце Делчев” во Прилеп имаат само една единствена желба, а тоа е Дедо Мраз да им ја поправи дупката на улицата “Октомвриска”.
Поради оваа препрека секојдневно вртат по улички, а кога се приморани да преминат преку дупката со нивните автомобили, се молат да не им се дупне картерот или да не им се направи друга штета.
Погледнете како тоа изгледа, а ги мачи жителите од оваа урбана населба со месеци.