Регулаторната комисија за енергетика денес ги соопшти новите цени на горивата кои од полноќ се зголемуваат.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 25.06.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 72,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 74,00 ден/лит.
Малопродажните цени на Дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 25.06.2018 година и со тоа малопродажната цена на Дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 64,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,016 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 25.06.2018 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 34,711 ден/кг.