Новинар на “Си-Ен-Ен” го праша израелскиот премиер колку атомски бомби има неговата држава – еве каков одговор доби (ВИДЕО)

Новинарот на “Си-Ен-Ен” Крис Куомо му рече на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека Израел мора да биде искрен во врска со количината на атомско оружје со кое располага.

Натанјаху се појави на оваа телевизиска мрежа во вторникот со цел да ги одбрани своите тврдења, дека Иран “лажел” за својата нуклеарна програма.

Кога домаќинот на емисијата “Њу Деј” го притисна Нетанјаху во врска со израелското нуклеарно оружје, премиерот одби да одговори на тоа прашање.

Куомо прашал дали Израел има нуклеарна способност и нуклеарно оружје, и побарал едноставен одговор, да или не.

Нетанјаху се обидел со политички одговор, но новинарот не се откажал и повторно прашал “Имате или немате?”

Премиерот едноставно одговорил: “Тоа е единствениот одговор кој ќе го добиете”.

Погледнете го целото интервју:

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.