Регулаторната комисија за енергетика напладне треба да ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.
Минатата недела немаше никаква промена на цените, па така Еуросупер БС – 95 се точи за 68 денари за литар, 70 денари чини литар Еуросупер БС-98, 62,5 денари чини Еуродизел (Д-V), a 51,5 денари литар ЕЛ-1.
Цената на Мазутот М-1 НС се зголеми за 1.876 денари и се продава за 40, 424 денари по литар.
Останува утре да видиме дали ќе има намалување или зголемување на цените.