Нова спортска радост за Прилеп: Елена Дејкоска бронзена на Балканското првенство во Романија

Репрезентативките на У15 репрезентацијата во борење на Македонија од Прилеп, Ангела Трајкоска, Елена Дејкоска и Тамара Цветаноска се во Букурешт, каде од 27-30 октомври се одржува Балканско првенство.

Со нив заедно е и селекторот на женската репрезентација Илчо Марковски, кој е исто така од Прилеп.

Македонската репрезентација има успешна традиција во освојување медали на Балканските првенства. Минатата година во Прилеп ни донесоа два бронзени, а оваа година девојките стигнаа до едно сребро и една бронза.

Сребрена на првиот ден од првенството беше Ангела Трајкоска, која настапи во категорија до 39кг, а денеска со бронза се закити Елена Дејкоска.

Елена е сестра на Маја Дејкоска, поранешна успешна медалистка и репрезентативка на Македонија.

Секоја чест за овие млади девојки кои уште еднаш успеаја да ја израдуваат прилепската спортска јавност.

Ангела Трајкоска од Прилеп и’ донесе сребро на Македонија од Балканското превенство во Букурешт (Фото)




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.