Од завршетокот на серијата „Беверли Хилс“ поминаа 19 години, а како што е познато, на големо се подготвуваат новите епизоди од ова остварување што беше популарно во 90-тите години од минатиот век.
Додека фановите очекуваат што ќе се случи со популарните ликови, Шенон Доерти, која ја глуми Бренда Волш, објави заедничка фотографија со колегата Џејсон Присли, кој во серијата беше нејзиниот брат Брендон Волш.
-И само така, близнаците се вратија, напиша актерката во описот.