Николоски од Брисел како дел од Европскиот избор на 40 највлијателни личности под 40 години (ВИДЕО)

Во овие три дена сум во работна посета на Брисел каде што имам чест да бидам дел од изборот на 40 највлијателни личности во Европа под 40 години. Овој престижен избор на пријателите на Европа обединува околу себе политичари, бизнисмени, новинари, активисти и борци за човекови права од сите страни на Европа. И навистина е привилегија да се биде во еден ваков избор и да се претстават состојбите во Македонија, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

-Разговараме за состојбата во економијата во Македонија, за состојбата во политиката во Македонија, разговараме за можностите кои што Македонија ги нуди како потенцијално место за инвестиции. Но, исто така разговараме и за проблемите кои што и се случуваат во Македонија. За жал во Македонија корупцијата цвета, а економијата тоне. Ова високо ниво на корупција ги уништува сите шанси за напредок на државата. Високото ниво на корупција и организиран криминал ги одвраќа инвеститорите од инвестиции во Македонија, а ги тера младите да ја барат перспективата надвор. И затоа дискутираме како можат овие состојби да се променат. Јас зборувам дека се потребни брзи предвремени избори на кои што ќе дојде до промена во Македонија и една влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Ќе го постави патот напред кон економски просперитет и борба со организираниот криминал и корупција. Но, исто така и кон достоинствена Македонија и достоинствен македонски народ, со заштитен македонски јазик , македонски идентитет, признат и прифатен од сите, истакна Николоски.

За тоа зборувам и со претставници на Европската комисија, тука се претставници и потпретседателот на Европската комисија, тука е премиерот на Естонија, тука се бројни европски пратеници како и пратеници од националните парламенти, додаде Николоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.