Николоска: Мапирани се сите контакти на двајцата заразени – дневно во Прилеп можат да се прават по 7 тестови

Синот на потврдените лица на COVID -19, се вратил од Србија на ден.09.03.2020год., кога во Србија имаше само еден потврден случај на корона вирус. Во тој момент Србија, беше категоризирана како земја со низок ризик и лицата кои се враќаа од таму, не подлежеа на мерки за самоизолација и здравствен надзор, што значи лицето немало обврска да се јави во Центарот за јавно здравје. Ова денеска го истакна директорката на Центарот за Јавно здравје од Прилеп, Драгица Николоска.

„Во моментов мапирани се сите контакти на потврдените случаи, а со добивање на нови позитивни резултати, епидемиолошкото истражување продолжува. Сите лица кои биле во контакт со првозаболените се во самоизолација и се ставени со решение од ДСЗИ под здравствен надзор“, истакна Николоска.

Во моментов максимален број на скрининг тестови за пунктот во Општина Прилеп бил 7 тестови на ден, во периодот од 8 до 14 часот. Закажувањето било преку Мој термин кај матичниот лекар.

„Пациентот на тестирањето со себе треба да носи документ за идентификација. Дополнителни тестови се прават по епидемиолошки и клинички индикации“, додава Николоска.

Инаку по самоизолацијата од 14 дена, доколку лицата кои биле во тој период не развиле симптоми на болеста не се тестираат, продолжуваат со секојдневните приватни и професионални активности.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.