Доаѓа големиот празник Ѓурѓовден, кој е еден од празниците со најмногу обичаи. Најголемиот дел од нив се пред да изгрее сонцето.
На овој ден не треба да се спие, за цела година да не сме поспани и да не не’ боли глава.
Во селата се палеле големи огнови за да се избркаат сите зли и лоши сили.
Се верувало дека ако е ведро, годината ќе биде плодна, а ако врне, дека ќе биде сушна година.
За да бидат здрави и силни луѓето се кителе и со цвеќе.