Не е битно дали е стручен лекар, туку да не е Македонец: На оглас за лекари на ГАК се бара да се Албанци и Турци

Во огласот за вработување на здравствени работници на неопределено време се вели дека ГАК има потреба од двајца доктори на специјализација по гинекологија и акушерство, еден од турска и еден до албанска националност, двајца специјализанти по педијатрија од албанска националност и специјализанти по анестезија и интензивна медицина каде што се бараат Ром и Албанец.

„Не е битно дали е професионален и стручен лекар, туку да е Албанец, Турчин, Ром… Добро, луѓе, дали сте нормални?“, прашува д-р Ненад Лазаров во реакција на Фејсбук.

Тој тврди дека ваков преседан не постои во медицинскиот свет.

„Каква врска има националност со гинекологијата и акушерството?“, прашува тој.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.