- На денешен ден е убиен Марко Тулиј Цицерон, адвокат, политички теоретичар, државник, филозоф и најдобриот римски оратор.
„Не е претерано да се каже дека најбрилијантната ера на Римскиот јавен живот беше отворена од Цицерон и затворена со неговата смрт—тој стоеше зад својот живот (потекло) и ја следеше својата судбина до гроб.“
Цицерон бил убиен во Формија додека се криел од своите политички непријатели.
- На денешен ден во 1941 година започнал воздушниот напад на Јапонија врз американската база Перл Харбор, а нападот се смета за повод на влегувањето на САД во Втората Светска војна. Овој изненаден напад уништил голем дел од американската борбена флота со што им овозможил на Јапонците контрола на Пацификот.
- Мисијата Apollo 17, која требало да го надополни знаењето од претходните мисии, ја завршила првата фаза од интензивното истражување на Месечината. Леталото Apollo 17 е успешно лансирано од Вселенскиот центар Џон Ф. Кенеди на денешен ден во 1972 година.
Ф.Г.