Mинистерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес конференција истакна дека од понеделник најверојатно нема да има никакви забрани во движењето на граѓаните.
Тој сепак предупреди, дека ова треба да биде земено со резерва, бидејќи конечната одлука ќе се носи најверојатно во недела или понеделник наутро.
Филипче смета дека полицискиот час е исправна мерка за викендов поради големиот број новозapaзени од Ковид-19.
Тој вели дека е свесен дека голем број на граѓани заминале во туристичките места за продолжениот викенд и само апелираше луѓето да ги почитуваат мерките каде и да се.
Уште еднаш повтори дека најголемиот број на заразени се асимптоматски и како за илустрација кажа пример дека ако во едно смејство се тестирани десет членови, само еден од нив имал симптоми.
Останува да видиме дали граѓаните после долгиот полициски час, во понеделник одново ќе можат да одат по кафетерии, ресторани и кафеани.