Нашите претци го обожавале ликерот од зелени ореви. Тие добро знаеле дека тој е поделотворен од голем број други лекови.
Оревите лекуваат најразлични заболувања, а мошне помагаат кај проблемите со тироидната жлезда, грлото, респираторните патишта како и кај бронхитисот, но и се погодни за зајакнување на имунитетот.
Според народната медицина ораховката е добра за лекување анемија, но и се користи како прва помош за стомачни тегоби и за забрзување на варењето.
Втората половина на мај е одредена за берење млади, зелени ореви за правење на ликер од зелени ореви или ораховка.
Состојки:
- 40 млади ореви
- 1 кг мед
- 1 л ракија
Подготовка:
Ставете ракавици и младите ореви исечкајте ги, ставете ги во поголема стаклена тегла па врз нив додадете 1 кг мед и 1 литро ракија. Затворете со стаклен капак па оставете теглата да стои на сонце 40 дена. Повремено содржината треба да се промеша со пластична лажица.
Примена:
Секое утро на празен желудник испиете по една мала, чашка за ракија од овој ликер.
Ораховката е мошне богата со јод па затоа се смета дека е исклучително добар лек за болестите на тироидната жлезда. Пред послужување, Ораховката треба благо да се промеша за да се крене лековитиот талог.
Како аперетив, ораховката може да се служи со мраз и со парче лимон.