Научници тврдат: Од љубов навистина може да се умре!

Најновите истражувања спроведени во САД покажале дека навистина може да се умре од скршено срце.

Амеркански научници следеле повеќе од 370.000 брачни двојки во период од 9 години, во САД.

Заклучиле дек по смртта на еден од партнерите, особено ако таа настапи изненадувачки, и ако брачните партнери поминале заедно 10 или повеќе години, нагло растат изгледите дека партнерот кој останал жив – набргу ќе умре!

– Сега знаеме дека срцето и мозокот бурно реагираат на изненадувачко и стресно случување, велат истражувачите.

Научниците истакнуваат дека се потребни дополнителни истражувања, но уште сега можат да кажат дека на срцето најмногу влијае наглото зголемено производство на хормонот на стресот, што предизвикува болки во градите и затајување на срцето.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.