НАУЧНИЦИТЕ ЗАПРЕПАСТЕНИ: 1000 километри под површината на земјата има огромно водено пространство

zemlja-ff-e1460366964778-600x364

Водата прекрива 70% од површината на Земјата, но и во внатрешноста на нашата планета се крие огромна количина на вода.

Двете нови истражувања на научниците покажаа дека во длабочината на Земјата, на околу 1000 километри се наоѓа огромно водено пространство. Без таа вода би престанала геодинамичната активност, под чие влијание настануваат вулканите, неопходни за создавање и  одржување на животот на Земјата.

Во првото истражување, научниците на државниот универзитет во Флорида и Универзитетот во Единбург, предводени од Др. Мајнак Мукирџиј, утврдиле дека водата ја има на голема длабочина под површината на Земјата, што до тогаш се мислело дека се наоѓа во минералот бурцит.

Стабилноста на минералот кој пренесува вода, како што е бруцитот, е целосно ограничена и тие минерали се распаѓаат во Земјата. Додека се распаѓаат ослободуваат вода, која како вулканска активност повторно се враќа на површината. Новото истражување, меѓу другото покажува дека бруцитот може да ги преживее фазите на висок притисок и да пренесува вода до голема длабочина и при тоа да не се распадне.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.