Напредува изградбата на градинката: Жителите на најголемата прилепска населба сите надежи ги насочуваат кон Јовчески (Фото)

Изградбата на детската градинка во населбата “Точила” во Прилеп започна во април годинава, а според најавите на претходната локална власт требаше да биде завршена до крајот на годинава.

Жителите на најголемата прилепска населба со нетрпение го очекуваат овој објект, кој според првичните најави треба да згрижува 252 деца.

Градинката беше ветување на претходниот градоначалник, но како и поголемиот дел од ветувањата на претходната владеачка гарнитура не ја дочека изведбата во нивниот мандат.

Сега жителите од “Точила” сите надежи ги насочуваат кон градоначалникот Борче Јовчески, а според фотографиите изградбата полека но сигурно напредува.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.