Aнте Микулиќ, полицаец од Омиш, одлучил својот автомобил да го поклони на сиромашно семејство
Кога дошло време стариот автомобил да го замени со нов, наместо да го продаде, одлучил да го поклони на некој кој не може да си дозволи да купи автомобил.
“Се јавив во Центарот за социјални работи во Омиш и ќе го предадеме овој убав автомобил на некому да му служи”, вели Анте за “Нова ТВ”.
Koга се слушнало за неговото добро дело, се јавил негов пријател кој ветил дека пред да го донира возилото ќе го наполни со гориво.
Aнте се грижел добро за неговиот автомобил, а за тоа потврдуваат и од неговиот автоклуб.
“Го чуваше како капка вода на дланка, па затоа неговиот гест е уште повреден, затоа што тоа не е стара канта, туку автомобил кој е внимателно сочуван”, вели претседателот на автоклубот Томислав Томаш.
Анте одлучил да собере пари и за сервис и регистрација на автомобилот, за новите сопственици некое време да не се грижат за трошоците.
Неговите сограѓани се воодушевени од овој гест, а средства се собираат и во угостителски објекти.
Фото/Dnevnik.hr