Наместо ВМРО-ДПМНЕ, ЛЕВИЦА го напаѓа директорот на “Комуналец”? Градот е веќе депонија (Видео)

Советникот на Левица во Советот на општина Прилеп, Иван Јованоски, распали до се уште актуелниот директор на ЈКП Комуналец Прилеп, Сашо Велески, за начинот на кој се трошеле народните пари во ова претпријатие во изминатиот период.

“Едно ново отпочнувања на ист 30-ет годишен циклус, со нова божем-поинаква мнозинска локална гарнитура, послушна и тивка, очигледно под наредба со предходно напишано сценарио за тек на седница.

Советот продолжува само фиктивно да фигурира како Совет, исто како и претходно.

СИТЕ точки, уредно приложени и образложени како ИТНИ од страна на Левица, беа неделовнички одбиени лично од претседателот на Совет. Деловникот се толкува како некому му одговара, правдата продолжува да биде селективна како претходно, така и сега.

Истите локални, јавни претпријатија се на мета на корумпирани предатори, чија клептоманија флуктуира кон „џапање” што повеќе народни пари со различни предзнаци и легални ставки за „потрошеното”.

Онаа позната народна анегдота „од државно не бива ништо” паѓа во вода.

Главен проблем во секое јавно претпријатие се неадекватните, односно некомпетентните, најчесто партиски кадри. Се издвојуваат како корумпирани поединци на високи раководни позиции, од каде директно раководат и манипулираат со нашите пари, парите на народот. Поединци, од кои очигледно, никој до сега не сносил одговорност за ништо.

Со морално исправен кадар и мудра прераспределба на средствата, многу лесно можеме буквално да го преродиме секое јавно претпријатие, да биде рентабилно, народот навремено и ефикасно да ги добива услугите, согласно према нивната наплата”, напишаа од Левица Прилеп во описот на говорот од Јованоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.