НАМАЛИ ДО 4 КИЛОГРАМИ НЕДЕЛНО, ЗАБРЗАЈ ГО МЕТАБОЛИЗМОТ

Иако гените управуваат со метаболитичката активност, правилната исхрана го ревитализира и подтикнува секојдневното согорување калории. Топлите летни денови се пред нас, сега е време да се почне со редукција на вишокот килограми. Набави ги овие  продукти и спреми го телото за согорување масти.

#1:Цитрусни овошја

image001

Портокалите, грејпфрутот, лимоните природно содржат витамин Це-кој ја подпомага забрзаната метаболизација на масти, а од тука и забрзано губење тежина.

#2:Лук

image002

Овој богатонутритивен зеленчук нуди палета од здравствени придобивки. Го подобрува имунитетот, се бори со стареењето, болестите и многу повеќе… Додавајќи го лукот во секојдневните оброци се добива намалено складирање на масти а зголемено согорување на калории во тек на целодневни активности.

#3:Чили

image003

Малите пиперчиња содржат капсаицин-хемиско соединение што го стартува метаболизмот со голема брзина. Со само едно лажиче по оброк измелени чили пиперчиња, за 7 дневен временски период се приметуваат подобрувања.

#4:Легуминози

image004

Леќа, грав, грашок-природен извор на растителни протеини и микронутритиенти. Околу 20%  женска популација страда од недостаток на железо, што е лоша вест за оние кои сакаат да намалуваат тежина. Телото не е во состојба да работи правилно во недостаток на есенцијалните минерали. Со само 100 грама легуминози на ден се задоволуваат 40% од дневните побарувања.

#5:Туна

image005

Во својот состав содржи омега-3 масни киселини, кои што ја стимулираат продукцијата на лептин( хормон задолжен за регулација на глад). Го обновува метаболизмот. Добар извор на есенциални аминокиселини.

Пишува: Марина Релушкоска

Aвторот на текстот е Дипломиран нутриционист

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.